ВИДЕО: Си-Ен-Ен објави снимка од дублерот на Кашоги во Истанбул

Од:

Телевизиската мрежа Си-Ен-Ен денеска објави инсерти од камера за набљудување, на кои се гледа еден човек кој шета во Истанбул во облека на новинарот Џамал Кашоги откако тој бил убиен.

Си-Ен-Ен ги пренесува наводите на еден турски официјален претставник кој вели дека човекот од инсертите е „дублер“ и дека бил член на 15-члениот саудиски тим испратен во Истанбул за да го убие Кашоги.

Телевизијата соопшти дека човекот излегол од Конзулатот на задниот влез со негов соработник, по што се возел до познатата Султан Ахмедова џамија, каде што влегол во јавен тоалет и се пресоблекол.

Турската телевизија ТРТ подоцна објави дека човекот кој влегол во зградата на Конзулатот подоцна е виден како излегува од неа во облеката на Кашоги.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски