(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба

Од:

Во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две лица се тешко повредени, соопшти локалната полиција. Престрелката се случила нешто по четири часот наутро, западно од центарот на градот.

Службениците на местото на настанот пронашле петмина со прострелни рани.

„Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици; нема дополнителни информации за можниот мотив“, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен.

На местото на настанот загинале маж и жена. Тројца ранети биле пренесени во болница, а еден од нив подоцна починал од повредите.

Властите се уште не го соопштуваат идентитетот на жртвите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов