(ВИДЕО) Принц Чарлс: Путин е како Хитлер

Од:

Британскиот принц Чарлс во тек на својата посета на Канада, рускиот претседател Владимир Путин го спореди со нацистичкиот водич Адолф Хитлер.

Тој во разговор со Маријана Фергусон (78) која на 13-годишна возраст побегнала од Полска во Канада, бидејќи нацистите и го убиле семејството, направи споредба помеѓу постапките на Путин и Хитлер.

-Разговарав со него за моето потекло и за тоа како пристигнав во Канада. Принцот во еден момент рече дека Путин го прави истото што го правеше Хитлер- рече Маријана.

Според нејзините зборови таа и покрај тоа што се согласува со неговото мислење, била изненадена со оглед на тоа што знаела дека членови на кралско семејство не би требало да изнесуваат такви коментари.

Инаку принцот Чарлс, кој со сопругата Камила се наоѓа на четирдневна посета на Канада, би требало да се сретне со Путин на 6-ти јуни во Франција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on