Вчера во Паркот на победата во Рига беше урнат голем споменик од советската ера. Иако полицијата соопшти дека се поминало без поголеми инциденти, уапсени беа четири лица.
Двајца затоа што не ја послушале наредбата на полицијата, а други двајца затоа што јавно извикувале пароли со кои се велича руската агресија врз Украина.
Една жена е уапсена бидејќи се обидела да ја премине оградата на паркот и покрај предупредувањата на полицијата.