ВИДЕО: Патник го сними уривањето на непалскиот авион

Од:

Спасувачи открија две црни кутии од непалскиот авион што се урна во неделата.

Податоците од снимачот на глас во пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот може да им помогнат на иследниците да утврдат што го предизвикало падот на авионот АТР-72 во близина на градот Покар.

Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, рече дека црните кутии се во добра состојба, „барем однадвор“.

Спасувачите се борат со лошите временски услови и слабата видливост за да ги пронајдат преостанатите четири лица кои се исчезнати.

Еден од патниците успеал да го сними моментот кога авионот паднал.

Досега се пронајдени телата на 68 лица, од 72 колку што се наоѓале во авионот АТР 72 во сопственост на Јети ерлајнс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов