ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Од:

Спасувачката операција беше започната рано утринава откако патнички авион се урна во езерото Викторија во Танзанија, соопшти авиокомпанијата.

Претседателот на Танзанија преку социјалните мрежи повика на смиреност додека спасувачите се на местото на несреќата и се обидуваат да пронајдат преживеани патници.

Локалните медиуми јавуваат дека 26 луѓе од 49 патници и членови на екипажот биле спасени, но овие податоци не се официјално потврдени.

Авионот, кој полетал од главниот град Дар ес Салам, „изутринава паднал во езерото Викторија поради невреме и обилни дождови“, објавија танзаниските власти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

ВИДЕО: Четворица го преживеаја падот на рускиот авион во Авганистан, се трга по двајца

ВИДЕО: Се урна руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Тројца повредени во авионска несреќа во Франција

ВИДЕО: Моторот на авионот кој полета од Хјустон се запали во воздух

Предраг Петровиќ

Четири деца пронајдени живи во џунгла 15 дена по авионската несреќа, меѓу нив и бебе

Горан Наумовски