(ВИДЕО) НАТО: Ракетата која падна во Полска веројатно е украинска, но вината е на Русија

Од:

Инцидентот е под истрага, но немаме индикации дека се работи за намерен напад или дека Русија подготвува воени акции против НАТО. Прелиминарната истрага покажа дека најверојатно украински проектили ги пресретнале руските. Но, сакам да бидам јасен, ова не е виновна Украина. Русија ја сноси вината за започнувањето на инвазијата. Изразуваме солидарност со нашиот сојузник Полска. Русија мора да стави крај на оваа бесмислена војна“, рече Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на брифингот за медимуте по состанокот на алијансата..

„Разговарав со Дуда и Бајден. Се согласивме дека мора да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата. НАТО останува обединет и ќе направиме се што можеме за да ги заштитиме нашите сојузници“, рече тој.

„Донесовме важни одлуки на самитот во Мадрид, за да го зголемиме присуството во источниот блок на алијансата“, додаде тој.

„Вчерашниот инцидент покажува дека војната во Украина продолжува да создава опасни ситуации. Русија започна бран нови напади врз украинските градови, насочени кон цивилни цели, а тоа само по себе е опасна ситуација. Последиците можат да се почувствуваат на територијата на НАТО “, рече тој. Столтенберг на новинарско прашање.

На прашањето како инцидентот ќе влијае на воената помош на НАТО за Украина. „Денес ќе имаме состанок на групата Украина за координирање на помошта. Нашиот главен фокус беше на противвоздушната одбрана, особено по новите руски напади. Се повеќе сојузници и партнери испорачуваат системи за противвоздушна одбрана на Украина. Мобилизираме дополнителна помош. НАТО ќе испрати и борбени системи против беспилотни летала“, рече Столтенберг.

„Немаме индикации дека ова е намерен напад или дека Русија планира војна против НАТО и нашите сојузници“, повтори Столтенберг. „Инцидентот, сепак, покажува дека е потребен детален мониторинг“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО