ВИДЕО: НАСА испраќа мисија на астероид кој може да удри во Земјата

Од:

Американската вселенска агенција НАСА подготвува нов проект со кој сака да ја надмине мисијата „Розета“ на Европската вселенска агенција (ЕСА). Планира да испрати летало на астероидот Бену, кој според проценките на научниците, може да ја погоди Земјата.

НАСА за оваа цел, изработи нова анимација насловена „Патувањето на Бену“, која го следи необичниот живот на астероидот кој би можел да даде одговори на прашањата за нашиот Сончев систем.

Според плановите на НАСА, кон крајот на 2016 година треба да биде покрената мисијата Осирис Рекс. Летало на НАСА би требало да слета на површината на Бену во 2018 година и да се врати на Земјата со собраните примероци пет години подоцна.

Мисијата Бену следува по успехот на мисијата „Розета“ на Европската вселенска агенција. За разлика од кометите од кои една освои ЕСА, астероидите содржат метали од периодот на настанувањето на Сончевиот систем.

– Го ловиме Бену бидејќи сакаме да знаеме што се поминал во текот на неговиот живот, вели Едвард Бешор од Универзитетот во Аризона.

Оваа мисија е претходница на многу поголем план за фаќање на астероидот и негово привлекување во орбитата на Месечината.

– На планетите како Земјата оригиналните материјали во голема мера се изменети поради геолошките активности и хемиските реакции со атмосферата и водата. Сметаме дека Бену мора да останал релативно непроменет па затоа овој астероид ни служи како некој вид временска капсула која сакаме да ја истражиме, вели Бешор.

За разлика од сондата Филе која ја проучува кометата, исклучиво врз нејзината површина и ќе праќа податоци, Осирис Рекс ќе донесе материјал назад на Земјата. На тој начин научниците ќе можат да извршат многу повеќе анализи.

Мерењата покажуваат дека густината на овој астероид е помала од просечната густина на карпа па научниците сметаат дека во него постојат пукнатини. Бену исто така е многу темен, на лик на асфалт кој на топол сончев ден апсорбира најголем дел од сончевата светлина која допира до него, а потоа ја емитува како топлина. Оваа радијација му дава благ „поттик“ познат како ефект Јарковски, кој постепено ја менува орбитата во текот на времето.

Анимацијата покажува дека Бену се движи на таков начин се додека неговата линија на движење не се сретне со гравитациската резонанца на планетата Сатурн. Поради неа Бену повторно бидува оттурнат во внатрешниот дел на Сончевиот систем каде што се приближува на Венера и на Земјата. Оваа интеракција со планетите доведува до расфрлање на материјалот од кој е сочинет астероидот и го менува неговиот облик. Откако Бену ќе почне опасно да се приближува на Земјата, постои мала можност – 1:2.500, дека ќе удри во нашата планета кон крајот на 22 век.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало