ВИДЕО: Напаѓачот во Ел Пасо уби 20 лица и рани 26

Од:

Патрик Красијус е лицето кое вчера отвори оган во продавница на „Волмарт“ во градот Ел Пасо при што уби 20 и повреди 26 луѓе.

По инцидентот 21-годишниот Красијус е уапсен во предградие на Далас, околу 1.000 километри источно од Ел Пасо.

Американската полиција соопшти дека убиствата најверојатно се извршени поради омраза. Красијус 20 минути пред нападот поставил на интернет документ во кој ги обвинува Латиноамериканците и Американците од првата генерација за одземање на работните места и за мешање на културите во САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на Твитер дека во Ел Пасо се случила „ужасна престрелка“.

Ел Пасо има 680.000 жители и се наоѓа во западен Тексас на границата со Мексико.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он