(ВИДЕО) Најмалку шест лица загинаа, а 53 се повредени во силната експлозија во Истанбул

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а 53 се повредени во силната експлозија што одекна денеска околу 14.20 часот во познатата туристичка авенија Истиклал во Истанбул. На местото на експлозијата веднаш пристигнале возила на брза помош, пожарникари и полициски возила.

Причината за експлозијата не е позната, а корисниците на социјалните мрежи наведуваат дека продавниците се затворени и дека авенијата е затворена за секаков сообраќај.

Дописничката на Би-Би-Си, Орла Герин, која е со седиште во Истанбул, рече дека во центарот на градот има голем број полицајци. Авенијата Истикал каде што се случи експлозијата е целосно опколена, а полициски хеликоптери го надлетуваат центарот на Истанбул. Таа наведува и дека видела неколку амбулантни возила.

Турскиот медиумски регулатор привремено им забрани на локалните медиуми да прикажуваат снимки од моментот на експлозијата, како и од нејзините последици. Како што пренесува АП, турскиот комитет за радио и телевизија претходно воведе слични забрани по напади, несреќи и некои политички настани.

Новинар на Ал Џезира со седиште во Истанбул рече дека „постојат силни сомневања дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец“, додавајќи дека „се уште нема официјална потврда“.

Тој наведува дека експлозијата ги шокирала граѓаните на Истанбул со оглед на тоа што неодамна немало предупредувања за можен напад во градот. Но, безбедносните мерки во градот беа на високо ниво, рече тој.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени