(ВИДЕО) Министерот за правда Бекир Боздаг: Жена со шамија и официјално е осомничена за нападот во Истанбул

Од:

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека за експлозијата во центарот на Истанбул е осомничена жена, која, според него, седела на клупа 45 минути, а потоа станала. После тоа одекнала експлозијата.

Експлозијата се случила попладнето во пешачката туристичка улица Истиклал во центарот на Истанбул.

Потпретседателот на Турција Фуат Октај изјави дека има шест загинати и 81 повредено лице и истакна дека властите на таа земја експлозијата во Истанбул ја сметаат за терористички напад, кој го извршила жена.

„Жената која ја остави чантата седеше на клупата 45 минути. Некое време откако стана, дошло до експлозија“, изјави министерот за правда Бекир Боздаг во интервју за ТВ каналот А Хабер.

Според него, сите терористички организации се поддржани од надворешни сили.

„Се води војна против Турција“, нагласи министерот.

Боздаг нагласи дека Министерството за правда се уште нема информации за организаторите на нападот.

„Засега немаме такви информации“, рече Боздаг одговарајќи на прашање на водителот на ТВ каналот А Хабер за тоа дали терористичка организација ја презеде одговорноста за експлозијата во Истанбул.

Фуат Октај, како и турскиот претседател Ердоган, рече дека кој и да стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет.

„Ќе го решиме овој случај многу брзо. Кој стои зад него ќе одговара“, рече Октај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин