(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Од:

Најмалку 29 лица загинаа во пожар во зграда во Истанбул, кој се прошири од затворен ноќен клуб, јавуваат турските медиуми. Пожарот избувнал денеска околу 13 часот по локално време, а според првичните информации настанал од експлозија на бината. Сите служби се уште се на терен, а повеќе од 20 амбулантни возила ги превезуваат повредените во болниците.

Во ноќниот клуб „Маскарада“, кој се наоѓа на долниот кат од 16-катницата, која била затворена за Рамазан додека се реновирала, дошло до елсплозија. Со ширењето на пожарот, клубот и зградата се наполниле со чад. Оние кои во тој момент биле во клубот и зградата биле заробени внатре.

По пријавата на местото на настанот се испратени бројни пожарникари, брза помош и медицински екипи. На местото на настанот дојде и гувернерот на Истанбул Давут Ѓул.

„Мое сочувство до сите. Во инцидентот беа погодени вкупно 23 лица. За жал, 8 лица го загубија животот. 15 лица се повредени. Меѓу 15-те, 6 лица се полесно повредени. Нивниот идентитет се уште не е познат. Идентификацијата е во тек. Причината за пожарот не е позната. Станува збор за просторот кој се користел како дискотека под објектот. Беше во фаза на реновирање. Како резултат на реновирањето животот го загубија и вработени. На местото на настанот од првиот момент интервенираа нашите полициски, здравствени и противпожарни екипи. Лекувањето на повредените продолжува во нашите болници“, рече Ѓул.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така, на платформата Х објави: “Почна истрага за пожарот што се случи во Бешикташ Гајретпе во Истанбул. Посакувам Божја милост за оние кои ги загубија животите и брзо закрепнување на повредените. Ќе продолжиме да споделуваме случувања на оваа тема со јавноста“.

За пожарот зборуваше и претседателот на градската општина Истанбул, Екрем Имамоглу: „Многу ни е жал што 8 наши граѓани ги загубија животите во пожарот во Гајретпе. Имаме 15 повредени, од кои 6 потешко. Посакувам Божја милост да нашите граѓани кои ги загубија животите и брзо закрепнување на нашите повредени“.

Тој додаде дека се работи за незаконска интервенција, бидејќи не е пријавено реновирање на клубот.

„Нема пријава за реновирање или градба. Тоа е простор што не се гледа бидејќи е два ката подолу. Нема поплаки. Направена е незаконска интервенција“, рече тој.

Обвинението е поднесено против вкупно пет осомничени, меѓу кои тројца службени лица, одговорниот управител и едно лице одговорно за реновирањето. Донесено е решение за притвор. Истрагата е во тек. постапувајќи во сите негови аспекти и педантно, рече министерот за правда Јилмаз Тунч.

Би можело да ве интересира

Опожарена семејна куќа во Младо Нагоричане

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре складиран изборен материјал во пожар во подрумот на Општина Тетово

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

Изгаснат е пожарот во зградата во Чаир, ќе се утврдува состојбата на објектот

Катерина Ѓуровски