(ВИДЕО) Мајка која загуби три деца на летот МХ17: Ги испружив рацете високо и молев да се вратат

Од:

Родители на три деца кои што загинаа во кобниот лет МХ17 на „Малезија ерлајнс“, кој што беше урнат над Украина, пред неколку илјади луѓе одржаа потресен говор во Меморијалниот центар во австралискиот Перт.

-Кога дознав дека нивните невини тела се разнесени на небото, ги испружив рацете високо и врескав, плачев за нив. Го молев небото да ми ги врати-рече во својот говор мајката, Рин Норис.

Таа во првиот јавен говор по несреќата, додаде дека сега своите три деца ги гледа само во мислите, но дека повеќе не може да ја чувствува нивната топлина.

Таткото, Ентони Маслин истакна дека неговите деца често патувале и го прошетале светот.

-Тие беа нашата радост, невини и совршени души. Полошо од ова што сега ни се случува ќе беше доколку не ги запознаевме. Некој ми рече дека беа толку блиски, поради што заедно мораше и да заминат, а јас верувам во тоа. Се надевам дека нивниот дедо, кој е најмудрата личност која што ја познавав ќе ги води кон вечноста-наведе тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје