ВИДЕО: Лансиран телескопот Веб

Од:

НАСА денеска го лансира телескопот Џејмс Веб. Инструментот тежок 6350 килограми по 26 минути лет успешно беше пратен во Вселената од ракета.

Телескопот Веб за еден месец треба да стигне до крајната дестинација во соларната орбита на околу 1,6 милион километри од Земјата односно приближно четирипати подалеку од Месечината.

Телескопот кој го носи името на вработен во НАСА во 60-тите години од минатиот век. Веб главно ќе го набљудува Универзумот во инфрацрвениот спектар, што ќе му овозможи да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите, додека Хабл дејствувал првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини. Веб е приближно стопати почувствителен од Хабл

Проектот чини 11 милијарди долари иако според првичните проценки беа една милијарда долари.

Веб ќе се наоѓа на голема оддалеченост од Земјата со што е оневозможено да се испрати мисија при евентуален квар, како што беше случајот со Хабл.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало