(ВИДЕО) Експлозија и пожар на бензинска пумпа во Русија, најмалку 35 мртви, ранети се 13 деца

Од:

Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се повредени во експлозија и пожар на бензинска пумпа во руската кавкаска република Дагестан, покажуваат новите податоци што денеска ги објавија властите. Причините за катастрофата се уште не се познати, но слични несреќи и пожари не се невообичаени во Русија. Тие често се резултат на непочитување на безбедносните прописи и стари инсталации.

На видео снимките од Министерството за вонредни состојби се гледаат остатоци од изгорени автомобили и спасувачи со шлемови кои се обидуваат да го изгаснат пламенот и да ги отстранат остатоците.

Локалните власти објавија 35 загинати и 64 повредени, што е зголемување од вторникот наутро кога агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош, објави дека бројот на загинати се искачи на 25 лица, меѓу кои и три деца.

Пожар избувна во сервис за автомобили покрај автопат во главниот град на Дагестан Махачкала во понеделникот вечерта, предизвикувајќи експлозии кои се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.

Тринаесет од ранетите се деца, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан. На пожарникарите им требаа повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, кој се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската служба за вонредни состојби.

Дагестан, кавкаска република на брегот на Каспиското Езеро, има околу три милиони жители, и се граничи со Грузија, Азербејџан и со руската република Чеченија.

„Се утврдуваат причините за несреќата“, напиша на Телеграм лидерот на Дагестан, Сергеј Меликов.

Денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Дагестан, изјави Мељиков.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин