(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Од:

Египет, Израел и Хамас со посредство на Катар и во координација со САД постигнаа договор за евакуација.

Дозволена е евакуација на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили.

Снимките од преминот Рафах кон Египет покажуваат дека луѓе, Палестинци со двојни државјанства и тешко повредени цивили ја минуваат границата.

Според информациите, нема временска рамка до кога ќе биде отворен преминот Рафа, на границата со Египет.

Околу 80 амбулантни возила од Египет пристигнаа денеска на преминот Рафа на границата со Појасот Газа, со цел да ги примат повредените Палестинци, јавува Си-Ен-Ен.

Пациентите се бидат првите Палестинци на кои ќе им биде дозволено да го напуштат Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври.

Палестинската милитантна група Хамас претходно денеска објави список на луѓе на кои им е дозволено да го напуштат Појасот Газа преку преминот Рафах.

Списокот што го објави Палестинската гранична управа на Фејсбук, вклучува државјани на Австралија, Австрија, Бугарија, Индонезија, Јордан, Финска, Чешка и Јапонија.

Египетскиот безбедносен извор изјави за Ројтерс дека на 500 лица со странски пасоши ќе им биде дозволено да го преминат граничниот премин Рафах од Газа во Египет денеска.

Околу 200 луѓе утринава чекаа на палестинската страна на границата, изјави изворот.

Друг извор запознаен со договорот и евакуациите рече дека има список до 500 луѓе кои треба да го напуштат Појасот Газа, но, пренесува Ројтерс, не се очекува сите да можат да го сторат тоа денеска.

Би можело да ве интересира

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен