Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Од:

Лидерот на израелската Партија за национално единство Бени Ганц повика на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки, по извештаите дека Израел претходно се откажал од таков план, откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил во корист на дипломатијата.

„Иранскиот режим е експерт за доцнење. Државата Израел мора и може да ја елиминира заканата од иранските нуклеарни капацитети“, рече Ганц на англиски на социјалните мрежи, објави Тајмс оф Израел.

Во хебрејската верзија на пораката, Ганц експлицитно изјавил дека „Израел мора и може да изврши напад врз Иран“, пренесува Танјуг.

„Во тесна координација со нашиот голем сојузник, Соединетите Американски Држави, време е да се промени Блискиот Исток“, додаде Ганц.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно