ВИДЕО: Држави кои имаат најмногу нуклеарно оружје

Од:

Билтенот на научници кои се занимаваат нуклеарки, покажува дека во светот постојат околу 16.300 парчиња атомско оружје, додека податоците на Сојузните американски научници велат дека светскиот нуклеарен арсенал го сочинуваат 15.650 проектили и бомби.

Според наводите целиот тој арсенал се наоѓа во 14 држави на 98 локации, околу 4.000 проектили се достапни за употреба, а во секој момент 1.800 нуклеарни боеви глави се држат во состојба на висока подготвеност и можат да се употребат за само неколку минути.

Според најновите податоци на Билтен се проценува дека САД поседуваат 7.100 нуклеарни боеви глави, од кои 2.080 се употребливи, 2.680 се складирани, а 2.340 се предвидени за ремонт.

За Русија која отворено не дава таков вид податоци се смета дека има нешто повеќе од 8.000 парчиња нуклеарно оружје, што значи дека овие две држави поседуваат дури 93 проценти од нуклеарниот арсенал во светот.

Податоците велат дека Велика Британија поседува 215 боеви глави, но по прашањето за одржување се потпира на САД, а сите четири британски нуклеарни подмирници во секој момент носат по 16 ракети „тридент“.

Франција како и Британија има нуклеарна подморница која постојано е во патрола , а оваа држава се потпира на своите 300 парчиња боеви глави.

Кина има 250 нуклеарни проектили, но ниту еден во потполност не е функционален, наведува Сојузот на американски научници и додава дека според нив Пекинг е во процес на зголемување на нуклеарниот арсенал.

Најновите податоци кои се однесуваат на Израел велат дека државата има 80 боеви глави, иако властите не потврдуваат а ниту пак го негираат нивното постоење.

Се проценува дека Пакистан има помеѓу 100 и 120, Индија од 90 до 100, додека Северна Кореја помалку од 10 нуклеарни боеви глави од кои ниту една не е употреблива за акција.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува