Демонстрантите во Хонгонг подигнаа голема статуа која ја нарекоа „Дама на слободата“, пред денешните протести во градот.
Статуата од три метри, која претставува жена со гас-маска, шлем и очила, беше влечена во текот на ноќта на ридот над градот и покрај силното невреме.
The Lady Liberty to watch over Hong Kong on the Lion Rock! A group of volunteers, together with the creative team behind the statue overcame poor weather and brought the “Goddess” to the mountain top to support the ongoing campaign against the tyranny in HK. #LadyLibertyHK pic.twitter.com/YANrgsaVyT
— LadyLibertyHK (@hkladyliberty) October 13, 2019
Статуата има црн транспарент на кој пишува „Револуција на нашето време, ослободете го Хонгконг“ и претставува жена која што демонстрантите веруваат дека била застрелана во окото за време на протестите со проектил испукан од полицијата, пренесува Ројтерс.
Метро станицата во Хонгконг вчера беше оштетена вчера кога беа фрлени молотови коктели, но никој не е повреден.
Протестите во Хонгконг започнаа во јуни околу контроверзниот закон со кој се дозволува екстрадиција на осомничените во Кина, каде што противниците на законот веруваат дека нема да имаат фер судење.