(ВИДЕО) Британија заплени суперјахта од 44 милиони евра на руски тајкун, сега тој тужи државата

Од:

Руски тајкун ја тужи владата на Обединетото Кралство за конфискација на неговата суперјахта вредна околу 44 милиони евра во Лондон веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина.

Сергеј Георгиевич Науменко, градежен претприемач кој не е на британската листа на санкционирани субјекти од Русија, поднесе тужба против Министерството за транспорт, барајќи враќање на јахтата долга 58,5 метри и обештетување, пишува Гардијан.

Запленувањето на бродот беше објавено во март 2022 година од тогашниот министер за транспорт Грант Шапс, кој рече дека тоа е „јасно и остро предупредување за Владимир Путин и неговите пријатели“.

„Ова уште еднаш докажува дека можеме и ќе преземеме најсилна можна акција против оние кои сакаат да ги искористат врските со режимот на Путин“, додаде Шапс тогаш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ајкула уби Русин во Хургада, со него била и неговата девојка

Уште еден руски олигарх умре во мистериозни околности

САД со тужба против руски олигарх, низа акции против руските хакерски активности

А1он

(ВИДЕО) Русинот Нурмагомедов предизвика крвава тепачка откако го победи Ирецот Мекгрегор

Кристијан Ландов