ВИДЕО: Белоруските партизани објавија снимка од напад на руски шпионски авион

Од:

Белоруската антивладина организација BYPOL објави видео од напад со беспилотно летало врз руски разузнавачки авион во воздухопловната база Мачулишчи во близина на белорускиот главен град Минск.

Александар Азаров, шефот на BYPOL, претходно ја презеде одговорноста за нападот, објавувајќи дека нападот во неделата ги оштетил предните и централните делови на авионот, како и неговиот радар и антена.

Белоруската антивладина организација напиша на Телеграм дека поминале две недели спроведувајќи воздушно извидување користејќи цивилни беспилотни летала што ги купиле на интернет.

Тие тврдат дека за време на една од овие операции, дронот влетал во областа на чуваниот аеродром, се приближил до рускиот авион А-50У и слетал на неговиот радарски дел, кој има форма на чинија.

Пред последната акција на белоруските партизани, руското воено воздухопловство имало на располагање само девет авиони А-50. Станува збор за авиони кои интензивно се користат во руската агресија врз Украина со цел навреме да се открие полетувањето на украинските авиони, но се корисни и за наведување на руски борбени авиони.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија