ВИДЕО: Абу Катада уапсен по депортацијата во Јордан

Од:

Радикалниот исламистички верски лидер Абу Катада кого британските власти изминатит викенд го депортираа во Јордан, е уапсен во Аман, веднаш по пристигнувањето од Лондон.

Катада денеска прв пат ке се појави пред судот во јорданскиот главен град, каде е обвинет за учество во еден терористички напад.

Уште додека беше во Велика Британијa, тој тврдеше дека е невин, па неговите адвокати е побараат Катада до судењето да биде пуштен од притвор со кауција.

Абу Катада 20 години живееше како бегалец и азилант во Велика Британија, каде побегна во 1993 година, со големиот бран бегалци од земјите на Блискиот Исток каде беа прогонувани поради нивниот радикален ислам.

Подоцна се разбра дека таквата одбрана е лажна и дека станува збор за префрлување на проповедачите на радикалниот ислам во Европа.

Според европското и британското разузнавање, Катада едно време беше сметан за „десна рака“ на Осама бин Ладен во Европа и како негов „специјален пратеник“.

Тој сепак доби дозвола да се остане во Британија и да се заштити од депортација во Јордан, повикувајќи се на човековите права и на заканата дека ако се врати во земјата од каде побегна, може да биде изложен на тортура. Во Велика Британија првпат беше уапсен во 2002 година,а од 2005 година властите во Лондон почнаа со постапката за депортација, која траеше цели осум години.

Британските власти го прогласија за закана за домашната безбедност, но не успеваа да го протераат се додека Јордан и Велика Британија не потпишаа специјална спогодба, со која на Абу Катада мусе гарантираше дека нема да биде изложен на тортура.

Лондонските медиуми сите, без исклучок го поздравуваат депортирањето на Абу Катада и ја истакнуваат упорноста
на министерот за внатрешни работи Тереза Меј, шестиот по ред министер во Хоум Офисот кој се зафати со „случајот Катада“ и првиот што успешно го заврши.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети