Ризикот да се заразат со коронавирусот е поголем кај оние кои ја примиле фајзеровата вакцина, отколку Модерна, соопштува непрофитниот медицински центар Мејо Клиника, по опсежното истражување спроведено ширум САД.
Студијата покажала дека во јули, во Флорида каде случаите на ковид достигнаа историски рекорд, а преовладува делта варијантата, ризикот од заразување бил 60 отсто помал кај оние кои примиле Модерна, во однос на оние кои примиле Фајзер.
Слично, во Минесота минатиот месец авторите на истражувањето откриле дека вакцината Модерна е 76 отсто ефикасна во спречување на инфекција, а вакцината Фајзер само 42 отсто.