Уште 100 милиони евра помош од ЕК за украинските бегалци

Од:

Европската комисија обезбедува дополнителни 100 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои примаат бегалци од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија става на располагање уште сто милиони евра за поддршка на земјите на ЕУ кои примаат голем број украински бегалци во рамките на иницијативата „Стани за Украина“, каде се ветени 400 милиони евра за поддршка на бегалците во април.

Првата транша од 248 милиони евра им е испорачана на земјите од соседството на Киев, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Унгарија, а оваа втора транша оди за Полска, Чешка, Бугарија, Естонија, Литванија и Латвија. Помошта служи за храна, превоз, сместување, како и помош за ранливи категории.

Останатите 52 милиони евра ќе бидат ослободени подоцна за нови потреби како психолошка помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски