УНХЦР: Засега нема заразени бегалци и баратели на азил во Азија

Од:

Засега нема потврдени случаи на заразени меѓу бегалците и барателите на азил во Јужна и Југоисточна Азија, посочува УНХЦР.

– Соработуваме со партнерите и националните власти за да овозможиме оваа популација да биде  интегрирана во целото планирање поврзано со подготвеноста и реакцијата на епидемијата, рече портпаролот на регионалната канцеларија на УНХЦР во Бангкок.

Хуманитарните организации  денеска предупредија дека стотици илјади бегалци кои живеат во тешки услови низ Азија се особено ранливи на коронавирусот, а затворањето на границите го зголеми ризикот од нивна присилна репатријација.

– Бегалците и лицата без државјанство кои се сместени во кампови се меѓу најтешко погодените популации, бидејќи се принудени да останат во ограничен простор кој овозможува мал број погодности и пристап до здравствени услуги, изјави Темба Луис, генералниот секретар на Азиско-пацифичката мрежа за правата на бегалците.

Хуманитарните организации се особено загрижени за големите, густо населени, кампови, како што е „Кокс пазар“ во Бангладеш, прибежиште за околу 700.000 муслимани Рохињи, кои избегаа од Мјанмар во 2017 година.

Во девет кампови долж границата на Тајланд со Мјанмар се сместени околу 31.000 бегалци од Мјанмар, додека околу 60.000 Тамили од Шри Ланка се во кампови во јужна Индија и повеќе од два милиона Авганистанци живеат во кампови во Иран и Пакистан.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски