УНХЦР загрижена поради илјадниците мигранти заглавени во Централна Америка

Од:

Канцеларијата за човекови права на Обединети нации упати апел до Владата на Мексико и до другите влади во Централна Америка да ја запрат депортацијата за време на пандемијата со новиот коронавирус.

УНХЦР изрази загриженост поради илјадниците мигранти кои се заглавени откако државите ги затворија границите или локалното население одби да им дозволи влез.

Според Високиот комесаријат на ОН за човекови права, околу 2.500 мигранти се заглавени во Панама откако Костарика ги затвори границите, а мигранти има и на границата помеѓу Хондурас и Ел Салвадор.

Мексиканските власти мигрантите од Централна Америка ги одведоа до границата со Гватемала и таму ги оставија и покрај тоа што гватемалските власти не им дозволуваат транзит за да стигнат до своите домови.

– Треба да се разгледа можноста за привремено стопирање на присилното враќање за време на пандемијата, посочи УНХЦР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска