УНХЦР: Од Сирија побегнаа повеќе од четири милиони луѓе

Од:

Бројот на Сиријците, кои поради граѓанска војна побегнале во соседните земји надмина четири милиони лица, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Женева.

Повеќе од 270 илјади Сиријци поднеле барање за азил во земјите на Европа, а Сиријците сочинуваат една третина од 137 илјади лица, кои се обиделе да преминат преку Средоземното Море во Европа во првата половина на годината.

Според податоците во извештајот во соседните држави моментално се наоѓаат 4.013.000 Сиријци.

Притоа во изминатите десет месеци нивниот број во земјите од регионот е зголемен на милион.

Според прогнозите на УНХЦР до крајот на годината ќе има 4,27 милиони бегалци.

– Тоа е најголема криза, која е предизвикана од бран бегалци од една земја во изминатите речиси 25 години, наведува УНХЦР.

Уште 7,6 милиони Сиријци принудно ги напуштиле своите домови и тие се на територијата на Сирија како внатрешно раселени лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град