Унгарските обвинители покренаа обвиненија за 11 лица поради смртта на 71 мигрант

Од:

Унгарските обвинители покренаа обвиненија за 11 лица поврзани со смртта на 71 мигрант, кои беа пронајдени во камион на магистрала во Австрија во 2015 година. Обвинителите побараа доживотна затворска казна за четворица од нив.

Судскиот процес ќе започне во јуни, соопшти судот во јужниот град Кечкемет.

Трагедијата, во која 59 мажи, осум жени и четири деца, вклучително и едно бебе, загинаа од задушување во херметички затворениот товарен простор на камионот што тргнал од Унгарија, го шокираше целиот свет.

Обвинителството побара доживотна затворска казна за еден Авганистанец и тројца Бугари, кои се осомничени за водачи на групата и се обвинети за убиство по особено суров начин.

Унгарските обвинители бараат затворска казна и за другите седум обвиниети – шестмина Бугари и еден Либанец.

На 27 август 2015 години, австриската полиција пронајде напуштен камион-ладилник на магистралата во Парндорф, во близина на унгарската граница. Во камионот беа пронајдени телата на жртвите.

Истрагата утврди дека загинатите лица биле мигранти кои бегале од конфликтите во Сирија, Ирак и Авганистан. Тие биле пронајдени од посредници во Унгарија, близу до српската граница.

Делото е префрлено во Унгарија, бидејќи со аутопсијата е установено дека смртта на мигрантите настапила додека камионот се уште бил во таа земја.

До сега се уапсени еден Авганистанец, кој се смета за водач на бандата, осум Бугари и еден Либанец. Унгарската полиција продолжува да го бара единаесетиот обвинет, кој е бугарски граѓанин.

Унгарското обвинителство наведе дека „извршителите знаеле дека мигрантите се задушуваат, но не направиле ништо за да ги ослободат од камионот“.

Криминалната банда заработила голема сума на пари. Од февруари до август 2015 година префрлила преку границата најмалку 1.106 лица кои требало да платат меѓу 1.000 и 1.500 евра од човек, за да преминат во Австрија.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски