Унгарската Влада ќе ја прекине рекламната кампања против Сорос

Од:

Унгарската Влада денеска соопшти дека ќе ја прекине својата рекламна кампања против американскиот милијардер од унгарско потекло Џорџ Сорос, пренесоа американските медиуми.

Кампањата, која вклучуваше билборди, плакати и телевизиски спотови, беше критикувана од различни средини, меѓу кои и од лидерите на европската заедница во Унгарија, врз основа на фактот дека имаше антисемитски пораки.

Меѓу лиферуваните материја во кампањата, на пример, беше портретот на милијардерот со наслов „Да не го оставаме Сорос последен да се смее“.

Идејата беше на овој начин да се рекламира антиимиграциската политика на унгарската Влада, а, истовремено, се напаѓаше поддршката на Сорос за бегалците и мигрантите.

Службата за информации на унгарската Влада соопшти дека кампањата ќе заврши во сабота.

И покрај тоа, опозициските активисти изјавија дека ќе своерачно ќе отстранат некои од билбордите.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон