Унгарија им забрани на истополовите двојки да посвојуваат деца

Од:

Унгарскиот Парламент денеска усвои Закон, со кој на истополовите двојки практично им се забранува да посвојуваат деца.

Со Законот, предложен од Владата на премиерот Виктор Орбан, се дозволува само брачните двојки да можат да посвојуваат деца, додека на самците тоа ќе им биде овозможено само со посебна дозвола од министерот за семејство.

Во Унгарија не се дозволени истополови бракови.

Унгарскиот Парламент исто така го измени и Уставот, според кој семејството се дефинира како заедница помеѓу татко, кој е маж и мајка, која е жена.

Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца, ако еден од партнерите аплицираше за посвојување на дете како самец.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон