Унгарија ги укина директните возови до Западна Европа

Од:

Последната станица на меѓународните возови, со кој преку Будимпешта се превезуваат стотици бегалци ќе биде на унгарските граници, вклучувајќи ја и онаа со Чешка, информираа превозниците на унгарскиот и чешкиот железнички транспорт.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според портпаролот на „Чешки железници”, Петр Стахлавски, унгарската страна не ги соопштила причините за преземените мерки и не се знае до кога тие ќе траат.

Возовите кои сообраќаат меѓу Чешка и Унгарија ќе запираат во унгарската погранична станица Соб, која е блиску до границата со Словачка.

Во Унгарија последните денови заради бранот бегалци од Блискиот исток и Африка, особено од Сирија кои патуваат во земјите на Западна Европа имаше проблеми заради неможноста да се префрлат со возови сите луѓе.

До сега, Владата на Виктор Орбан, на јужната граница со Србија постави висока бодликава жица, а Парламентот подготвува и измени на Законите, кои би овозможиле порадикален пристап кон мигрантите и оние кои ги пренесуваат.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон