Украина останува посветена на приклучувањето кон НАТО

Од:

Амбасадорот на Украина во Велика Британија се повлече од очигледната сугестија дека земјата би можела да размисли да се откаже од амбициите да се приклучи кон НАТО за да избегне војна со Русија, јави ДПА.

Вадим Пристаико рече дека уставната определба за пристапување во НАТО останува, откако претходно посочи дека земјата ќе размисли за „сериозни отстапки“ за да се избегне ризикот од инвазија на силите на Владимир Путин.

Тој нагласи дека иако Украина е отворена за преговори со Русија, прашањето за нејзините амбиции да се приклучи кон Алијансата не е на маса.

Во синоќешното гостување на Би-Би-Си 5 Лајв, на прашањето дали Украина би размислила да се откаже од својата цел да се приклучи кон НАТО тој рече: „Можеме, особено ако ни се закануваат на тој начин, не уценуваат и не туркаат кон тоа“.

Неговата изјава предизвика реакции во Киев и Даунинг стрит, па денеска дипломатот се врати во истото студио за да ја разјасни својата позиција.

– Ние не сме членка на НАТО во моментов и за да избегнеме војна, ние сме подготвени на многу отстапки и тоа е она што го правиме во нашите разговори со Русија, изјави тој за Би-Би-Си Брекфаст.

– Но, тоа нема никаква врска со НАТО, што е запишано во Уставот, нагласи дипломатот.

Истакнувајќи дека посветеноста за приклучување кон НАТО не е во прашање, тој посочи дека Украина нема да биде членка на Алијансата до среда, денот за кој американските разузнавачки агенции рекоа дека е потенцијален ден за руска инвазија врз Украина.

– Тоа нема се случи пред среда, така што треба да најдеме решението сега, мора да ги најдеме пријателите кои ќе останат со нас, рече Пристаико.

– Мораме да работиме и со Русија, што го правиме од сега па натаму, не работи само Западот за нас – ние самите водиме преговори со Русите, додаде тој.

– Но, тоа нема никаква врска со НАТО, ние зборуваме за источна Украина, зборуваме за Крим, а не за НАТО, рече украинскиот амбасадор во Лондон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев