Убиен врховниот судија во Непал

Од:

Двајца маскирани мотоциклисти во центарот на главниот град на Непал, Катманду го убиле врховниот непалски судија Рана Бахадур Бам.

Напаѓачите отвориле оган врз автомобилот на судијата во кој бил тој со неговиот телохранител и уште еден патник кои се повредени во инцидентот, а возачот на автомобилот поминал без последици.

Судијата излегувал од молитва во хиндуистичкиот храм со својот автомобил, тргнат на работа.  Убијците со своите мотори се испречиле пред автомобилот и отвориле оган.

Напаѓачите веднаш побегнале од местото на нападот, а повредените лица се префрлени во болница.

Полицијата во Катманду постави блокади на сите патиштата во градот.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал

Силен земјотрес во Непал