Уапсени поради фотографија на која се бакнуваат

Од:

Полицијата во Мароко уапси двајца тинејџери, затоа што на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавиле фотографија на која се бакнуваат.

Тоа поттикна и други корисници на мрежата да објават голем број слични фотографии, соопштија организациите за заштита на човековите права во државата.

-Се работи за момче и неговата девојка, кои се приведени поради тоа што го прекршија законот поради недолично однесување во јавноста, со тоа што објавија фотографија на која се бакнуваат, рече претседателот на здружението за човекови права „Риф“, Чакиб ал Кајари, пренесе „Франс прес“.

Двајцата тинејџери се наоѓаат во притвор во одделот за малолетници, во градот Надор, на североисток на Мароко, каде што граѓаните мирно протестираат, барајќи да бидат пуштени на слобода.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска