Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Од:

За време на Светското првенство во Катар, љубителите на фудбалот имаа можност да видат колку мароканскиот репрезентативец е близок со својата мајка Садија Мут, а неколку месеци подоцна тоа на болен начин го виде и неговата сопруга Хиба Абук.

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими минатиот месец беше обвинет за силување на 24-годишна девојка во неговиот дом во Париз, кога неговата сопруга и децата биле на патување во Дубаи. Кога Хиба дознала за обвинувањата, веднаш побарала развод од фудбалерот.

Францускиот магазин „First Mag“ објави дека актерката побарала половина од неговиот имот, несфаќајќи дека нејзиниот сопруг, правно гледано, не поседува ништо.

Фудбалерот во последните години целото богатство го префрлил на својата мајка Садија, па неговата сопруга по разводот ќе остане без ништо.

Хаким заработува речиси еден милион евра месечно во ПСЖ, но неговата плата оди директно на сметката на неговата мајка. Затоа, кога му требаат пари, мора да ги побара од мајка му.

Целиот недвижен имот, автомобили, накит – буквално сите средства што ги стекнал одат кај жената на која најмногу и верува – неговата мајка.

За време на Светското првенство во Катар, Мароканецот привлече големо внимание во јавноста поради неговата блиска врска со неговата мајка. Садија во живо ги следеше натпреварите на Мароко, а Хакими по секој натпревар јасно ставаше до знаење дека мајка му е на прво место. По големата победа над Португалија, ова му пречеше на Хиба, која на лице место му објасни дека прво треба да доаѓа кај неа, а не кај мајка му секој пат.

Фудбалерот и актерката се запознале во 2018 година додека Хакими бил во Борусија Дортмунд. Абук (36) е актерка со туниско и либиско потекло, која исто како и Хакими е родена во Мадрид. Уште пред да го запознае Хакими, оваа убавица изгради успешна филмска кариера, глумеше во разни ТВ серии во Шпанија. Тие се венчаа во 2020 година и имаат две деца.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

Голманот на ПСЖ е во тешка состојба: Коњ го удри во глава, префрлен во болница со хеликоптер

Горан Наумовски

Голема лага е приказната за Хакими и префрлањето на имотот на неговата мајка

Катерина Ѓуровски