Голема лага е приказната за Хакими и префрлањето на имотот на неговата мајка

Од:

Пред десет дена низ светските медиуми се прошири веста како Ашраф Хакими го префрлил своето богатство на мајка си и на тој начин ја измамил својата поранешна сопруга Хиба Абук која планирала да добие половина од неговиот имот, но има ли вистина во тоа?

Оваа информација,се покажа како непроверена, а се чини дека е неточна. Се започна со не толку веродостојниот извор First Mag на Твитер, а набрзо веста се прошири и на другите медиуми. Текстот го објави и популарната Marca, а потоа заврши на веб-страницата на Fox News, американски ТВ канал кој вообичаено го гледаат 94 милиони луѓе.

Набрзо веста за тоа стана фокус во светот, па се огласи мајката на мароканскиот фудбалер Саида Мух.

„Ашраф не ме информираше за трансферот на неговото богатство и ако нешто прави, тоа е само за да се заштити. Не знам ништо за тоа, но што е проблемот ако е вистина? – наводно изјавила Саида во интервју за мароканското издание на Гауда.

Професорот од Универзитетот во Париз, Омар Ел-Адлуни, смета дека веста е лажна и дека не е можно Ахраф да и префрлал се на мајка си за да ја спречии поделбата на богатството со сега веќе поранешната сопруга.

Сопружниците не можат да го пренесат имотот на трети лица за да избегнат поделба на имотот во случај на развод, бидејќи тоа се смета за кривично дело. Во согласност со законите за брак во повеќето европски земји, вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Германија и Италија, каде што живеел Хакими во изминатите 10 години се што еден од брачните другари стекнал за време на бракот е предмет на поделба во случај на развод“.

„Ако Хакими навистина решил да го пренесе имотот на мајка му пред разводот, тогаш ќе бил должен да ја извести сопругата за тоа. Притоа, тој би платил до 45% од данокот – значителна сума, со оглед на неговата состојба. Доколку решил да ги префрли средствата по разводот, ќе бил осуден на пет години затвор и парична казна од 75.000 евра“, додава Ел-Адлуни.

Францускиот новинар и политичар Жил Вердес, исто така, не верува во она што го објавија бројни медиуми: „Ова е лажно – ова е невозможно да се замисли ниту во Шпанија, ниту во Мароко, ниту во Франција“.

Според договорот со ПСЖ, Хакими заработува 13,7 милиони евра годишно. Општата состојба на мароканскиот дефанзивец се проценува на 22,3 милиони евра, но јасно е дека е невозможно да се има точен увид во неговата финансиска состојба.

Ашраф е роден во семејство на марокански мигранти во Хетафе, предградие на Мадрид. Мајка му е домаќинка, татко му тргувал на улица.

Хакими се најде во центарот на скандал откако девојка го обвини за силување, а набргу потоа стана јасно дека работите меѓу него и неговата сопруга Хиба не функционираат. Познатата шпанска актерка реши да се разведе од играчот на ПСЖ, но и преку суд да бара половина од неговиот брачен имот.

Хакими и неговата сега поранешна сопруга имаат две деца заедно и сега треба да се договорат и за старателството.

Би можело да ве интересира

Мајката на Хакими на чија смета се сите милиони: Ако не направи така, нема да се ослободи од таа жена

Предраг Петровиќ

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ