Мајката на Хакими на чија смета се сите милиони: Ако не направи така, нема да се ослободи од таа жена

Од:

Мароканаскиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Ахраф Хакими (24) е обвинет за силување на 24-годишна девојка во Париз. Злосторството наводно се случило за време на викендот кога не смеел да игра за својот клуб, а сопругата и децата биле на пат. Неговата сопруга Хиба Абук (36) со која има две деца побарала развод кога дознала за обвинувањата.

Како што пишува францускиот магазин First Mag, а како што пренесува шпанска Marca, Абук и Хакими се појавиле на суд за да разговараат за поделбата на имотот стекнат за време на бракот. Шпанската актерка била шокирана кога дознала дека Хакими, правно гледано, нема ништо во негова сопственост.

Имено, фудбалерот со години ја префрлал целата своја заработка и имот на мајка си, за по разделбата да не мора ништо да и плаќа на наскоро бившата сопруга. Актерката на суд побарала половина од неговиот имот, но и било кажано дека целиот имот на играчот на ПСЖ е на неговата мајка.

Мајката ја нападна поранешната сопруга

Хакими заработува еден милион евра месечно од ПСЖ, но 80 отсто од тоа се уплаќаат на сметката на неговата мајка. „Хакими нема средства, автомобили, куќи, накит, па дури ни облека на своето име“, пренесува News 24/7 од Уганда, која прв ја објави оваа вест.

За целиот случај проговори и мајката на фудбалерот, Саида Мух, која за мароканскиот весник „Гауд“ откри дека не знаела дали Хакими го префрлил имотот на нејзино име.

„Ако направил нешто, не сум свесен за тоа. Што е проблемот ако тоа е вистина? Ако мојот син не го направи тоа, нема да може да се ослободи од таа жена“, изјави Мух за Morocco World News, пренесува La Gazzetta dello Sport.

Би можело да ве интересира

Голема лага е приказната за Хакими и префрлањето на имотот на неговата мајка

Катерина Ѓуровски

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ