Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

Од:

Мароканските власти запреле 75.184 илегални мигранти кои имале намера да заминат во Европа во текот на 2023 година, што е повеќе од шест отсто во споредба со 2022 година, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Мароко.

Министерството во изјава дадена за Ројтерс рече дека бројките покажуваат дека границата со Мароко е заштитена.

Мароканската морнарица спасила 16.818 луѓе на море во 2023 година, што е за 35 отсто зголемување во споредба со 2022 година, соопшти Министерството, истакнувајќи дека Мароко разбила 419 мрежи за криумчарење мигранти минатата година, што е за 44 отсто зголемување од претходната година.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он