Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Од:

Мароканското Министерство за надворешни работи повторно ја отвори својата амбасада во Багдад по 18-годишно отсуство.

Мароканската амбасада во Багдад беше затворена во 2005 година, а дел од дипломатската мисија беше префрлена во Јордан поради „влошените безбедносни услови“ во Ирак.

Шефот на мароканската дипломатија Насер Бурита присуствуваше на повторното отворање на амбасадата во Багдад, каде имаше средба и со својот ирачки колега Фуад Хусеин.

Министрите се заложија за трговско-економска соработка меѓу двете земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина, Русија и Иран почнаа со поморски вежби, Москва испрати бродови на Северната флота

Ана Ололовска

11 загинати, 3.500 повредени на фестивалот на огнот во Иран

Горан Наумовски

Дисидент исчезна пред две години во Турција, денеска во Иран беше потврдена неговата смртна казна

Ана Ололовска

Од ноември до март во иранските училишта се отруени повеќе од 5.000 ученици

Пријавени се нови случаи на труење на ученички од Иран кои протестираа против режимот

Прво откритие на литиум во Иран