Туск го критикува лицемерието на некои земји од Г-20 поради односот кон мигрантската криза

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск упати критики заради лицемерие и цинизам од страна на држави од Г-20 во борбата против трговијата со мигранти, без притоа да ги именува.

– Неопходни се повеќе напори на меѓународно ниво за да го попречиме економскиот модел на трговија со мигранти, изјави Туск на прес-конференција за време на самитот на Г-20 во Хамбург.

– Поради тоа, ќе побарам сите лидери од Г-20 да работиме за воведување санкции од ОН врз оние кои вршат криминални дела преку трговијата со мигранти, истакна Туск.

Тој нагласи дека партнерите треба да бидат поактивни и „помалку цинични, како и порешителни во соработката во заедничката борба против трговијата и секаков вид на шверц во Либија“.

Трговијата со мигранти е организирана криминална дејност во која минатата година биле заработени околу 1,6 милијарди долари само во Либија. Тој вид криминал дава можност да се контролира дел од државата. Освен тоа, тие соработуваат и со терористи, истакна Туск.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе се приклучи на европскиот систем за воздушна одбрана

Горан Наумовски

Г20 има нова членка

Кина е против исклучување на Русија од Г20

А1он

Лидерите од Г-20 ветија климатска неутралност до или околу средината на овој век

Ана Ололовска

АНСА: Г-20 постигна договор за ограничување на затоплувањето за не повеќе од 1,5 степени

Ана Ололовска

Шефот на американската дипломатија во Рим ќе разговара со својот кинески колега

Ана Ололовска