Кина е против исклучување на Русија од Г20

Од:

Кина е против исклучување на Русија од Г20 и други меѓународни форуми, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на индонезискиот остров Бали.

Тој, на почетокот на билатералниот состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на самитот на Г20, посочи дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во рамки на Г20 и други меѓународни форуми и смета дека никој нема право да ѝ го одземе правото на Русија да учествува во мултилатерални формати, јавија дел од светските медиуми.

Украина претходно соопшти дека бара Русија да биде исклучена од Г20, поради нејзиниот напад врз државата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинеска провинција дозволи невенчаните парови легално да имаат деца

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес во Кина

Кина продолжи да издава визи за јапонските граѓани

Ана Ололовска

Кина ја нарече Америка земја која ги крши правилата

Во Кина драстично намален бројот на тешки случаи и смрт од Ковид-19

Ана Ололовска

Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19

Горан Наумовски