Тројца Белгијци учествувале во нападите во Париз, рација во Брисел

Од:

Тројца жители на бриселскиот кварт Моленбек учествувале во синоќешните напади во Париз, објави белгиската интернет страница „Дерниер јор“.

Медиумите во Белгија денеска попладне соопштија дека во Моленбек полицијата врши претреси. Во попладневните часови француските медиуми објавија сведоштва, според кои еден од автомобилите на напаѓачите во Париз бил со белгиска регистарска таблица. Според медиумите, во автомобил на напаѓачите биле пронајдени билети за паркарирање од квартот Моленбек.

Засега официјални извори не даваат информации што се случувало денеска во Моленбек. Телевизијата Ер Те Ел (РТЛ) објави дека две од возилата на напаѓачите биле регистрирани во Белгија, како и дека едно од нив денеска е пронајдено во Брисел.

Се очекува прес-конференција на белгиското Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он