Трамп: Си-Ен-Ен се фатени на дело како лажат

Од:

Преку својот Твитер профил американскиот претседател ја критикуваше мрежата Си-Ен-Ен за објавување на лажни вести и злобна и намерна грешка.

– Лажните вести Си-Ен-Ен вчера направија злобна и намерна грешка. Фатени се на дело, исто како и осамениот Брајан Рос во Еј-Би-Си Њуз (кој треба да биде отпуштен поради „грешката“. Дали Си-Ен-Ен ќе ги отпушти одговорните?, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.

Си-Ен-Ен во петокот објавија прилог во кој што кажаа дека претседателот и неговиот постар син Доналд помладиот примиле маил со клуч за декодирање, што овозможува пристап до хакираните документи на Демократската партија, објавени на Викиликс, пред да бидат достапни на јавноста.

Тоа се покажа како неточно, за што Си-Ен-Ен објави исправка, прецизирајќи дека маилот бил со датум 14, а не 4 септември, односно еден ден откако Викиликс ги објави документите.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена