Трамп најави: Средба на Русите и Украинците во Минхен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека претставниците на Украина и Русија ќе се сретнат во петок на Минхенската безбедносна конференција.

“Утре, 14 февруари, ќе има состанок во Минхен. Русија ќе биде таму со нашите претставници. Украина, инаку, исто така е поканета. Не сум сигурен кој ќе ја претставува која земја. Но ќе има високи претставници од Русија, Украина и САД”, изјави Трамп во Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Трамп не сакаше да даде повеќе детали за оваа средба.

Американското национално јавно радио (НПР) претходно објави дека американскиот потпретседател Џej Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио ќе се сретнат со украинскиот претседател Володомир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Во петок во главниот град на Баварија започнува 61. Минхенска безбедносна конференција (МСЦ).

Според претходните неофицијални најави, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, на конференцијата би можел да го претстави планот на администрацијата на Трамп за ставање крај на војната во Украина, а шефот на МСЦ Кристоф Хојсген изрази надеж дека мировниот проект може да се оформи за време на конференцијата во Минхен.

Како што пренесуваат украинските медиуми, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја предводи делегацијата од Киев на конференцијата, планира да го проучи предлогот и да даде одговор во петок, кога на маргините на конференцијата ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

„Фајненшл тајмс“: Иран и Русија имаат таен договор вреден 500 милиони евра

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

(ВИДЕО) Голема бура во САД, се затвараат училишта и магистрали, се откажуваат летови

Горан Наумовски

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Зеленски: Путин ја започна Третата светска војна