Трамп: Ја спасувам Украина, ако продолжи со војната со Русија, брзо ќе биде уништена

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека доколку земјата продолжи со војната со Русија, таа ќе биде многу брзо уништена.

„Мислам дека ја спасувам таа нација. Мислам дека таа нација наскоро би била уништена. Тоа е голема воена машина“, рече Трамп во интервју за порталот „Атлантик“, по повод неговите први 100 дена како претседател на САД.

Тој потсети дека за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, му дал на Киев противтенковски водени ракети „Џавелин“.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп