А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Трамп и се закани на Русија

by А1он07/03/2025 - 16:493263
Share0

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта.

Добивај вести на вибер

„Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја „меле“ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп.

Во пораката тој ги повика двете страни да преговараат.

„До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодарам, порача Трамп.

По средбата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа кон крајот на февруари, која заврши со расправија, односите драстично се влошија. Не беше потпишан договор според кој САД ќе преземат 50% од правата на украинските ретки минерали како компензација за помошта дадена за време на војната, а Трамп набрзо ја суспендираше американската воена помош за Украина. Пред неколку дена престана да испраќа разузнавачки информации во Украина.

Во таква ситуација Зеленски јавно објави дека е подготвен за мировни преговори, но набргу потоа Русија изврши нови масовни напади врз украинската инфраструктура. Трамп сега, по бранот критики и руските офанзиви, и се заканува на Москва со големи санкции и царини доколку не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор.

putinrusijasvettrampukrainska kriza

Би можело да ве интересира

Одговорот на Иран на ултиматумот на Трамп во 10 точки

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 10:0407/04/2026 - 10:25

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 08:27

ВИДЕО: Истекува крајниот рок на Трамп за Иран да го отвори Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 08:21

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 14:2006/04/2026 - 16:06

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 08:58

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 08:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто