ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Од:

Руските сили со дрон го погодија Северниот мост во Киев, при што е оштетен коловозот, извести градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Коловозот на Северниот мост е погоден. Итните служби се упатуваат кон местото на настанот“, објави Кличко.

На социјалните мрежи се појавија снимки од ударот врз мостот, кој во моментот бил полн со автомобили. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потврди нападот и соопшти дека едно лице загинало.

Како што беше објавено вчера, Русија оваа недела отвори целосно нова фаза од воздушната војна против Киев. Таа започна систематски да ги гаѓа стратешките мостови преку Днепар, кои ги поврзуваат источниот и западниот дел на украинската престолнина.

Откако од четвртокот во повеќе наврати со дронови го напаѓаше Јужниот мост, вчера наутро на мета се најде и Северниот мост, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Поради нападот, сообраќајот од левата кон десната страна на градот привремено беше прекинат.

Фактот што овие масивни премини останаа поштедени уште од почетокот на инвазијата во 2022 година го отвора клучното прашање: зошто Москва одлучи да ги нападне киевските мостови токму сега?

Во опсежна анализа на ситуацијата, украинскиот „Киев Пост“ објаснува дека руската цел всушност не е физичко уривање на бетонските и челичните конструкции, туку намерно предизвикување сообраќаен и логистички колапс, како и рушење на моралот на жителите пред претстојната зима.

Јужниот мост е една од најважните сообраќајни артерии во градот, бидејќи на две нивоа ги носи патниот сообраќај и зелената линија на метрото, а истовремено служи и како траса за гасовод под висок притисок и за клучни електроенергетски кабли.

Претходните напади врз мостот јасно покажаа колку ваквата инфраструктура е чувствителна за секојдневното функционирање на градот. При еден од нападите, руски дрон експлодирал во моментот кога по мостот минувал патнички воз на метрото.

Анализата на „Киев Пост“ истакнува и дека времето на овие координирани напади не е случајно. Ударите се случуваат само неколку дена откако Киев соопшти дека преку разузнавачки информации дошол до детални руски планови за зимски напади врз критичната инфраструктура.

Првиот заменик-премиер и министер за енергетика Денис Шмихал потврди дека документите содржат прецизни пресметки за оружјето потребно за уништување на постројки за производство на електрична енергија, греење, водоснабдување и канализација, како и на електроенергетските интерконекции за увоз на електрична енергија од Европа.

Киев досега постави повеќе од 200 заштитни конструкции околу енергетските објекти, па нападите врз мостовите покажуваат дека Москва го проширува списокот на цели на сè што им овозможува на граѓаните нормално да живеат.

Владимир Путин овие напади се обидува да ги оправда со тврдењето дека станува збор за „одговор“ на украинските напади врз руските рафинерии и нафтени постројки, иако Москва е таа што прва започна со уништување на енергетската мрежа.

Би можело да ве интересира

Русија лежи на богатство: Откриено колку вреди она што е закопано под арктичкиот мраз

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

ВИДЕО: Русија го погоди и вториот важен мост во Киев