Русија лежи на богатство: Откриено колку вреди она што е закопано под арктичкиот мраз

Од:

На Арктикот досега се откриени наоѓалишта на минерали вредни повеќе од 20 билиони долари, според проценките на руската федерална научна установа за развој на економијата на Далечниот Исток „Востокгосплан“, изјави рускиот министер за развој на Далечниот Исток и Арктикот, Алексеј Чекунков.

Сепак, геолошката истраженост на Арктикот досега достигнала најмногу 20 отсто, наведува министерот, повикувајќи се на проценките на компаниите кои добиле концесии за истражување на минералните ресурси.

„Од овие податоци можеме да заклучиме дека вредноста на рускиот Арктик изнесува најмалку 100 билиони долари“, изјави Чекунков.

Арктикот е богат со наоѓалишта на широк спектар минерали, потсетува ТАСС. На ова подрачје се експлоатираат 100 отсто од рускиот никел и ретките земни минерали, како и 99 отсто од металите од платинската група.

Русија на Арктикот произведува и околу 85 отсто од својот природен гас.

Проценките укажуваат дека под арктичкиот мраз се наоѓаат огромни природни ресурси, а досегашното истражување опфаќа само мал дел од целокупната територија.

Би можело да ве интересира

Шпанија вложува 197 милиони евра во геолошки истражувања, минералните ресурси стануваат стратешки приоритет

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски