Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против руските и кинеските компании кои, според украинскиот лидер, учествуваат во развојот на руската нискоорбитална сателитска мрежа „Расвет“.

„Знаеме дека Кина работи на сателити и на можноста да ѝ помогне на Русија да создаде пандан на „Starlink“. Тоа ќе му овозможи на Кремљ да ја зголеми прецизноста на воздушните напади, имајќи предвид дека рускиот претседател Владимир Путин ја засилува воздушната кампања против Украина“, изјави Зеленски, пренесе агенцијата УНИАН.

Според него, Кина соработува со Русија на развојот на оваа технологија, а „Расвет“ најверојатно ќе започне со работа до крајот на годинава или на почетокот на следната година.

Зеленски бара реакција од САД

Зеленски оцени дека руската мрежа може да ја загрози американската сателитска мрежа „Starlink“ и затоа е потребна реакција од САД.

Украинскиот претседател изјави дека неколкупати побарал од Трамп неговата администрација да воведе санкции против организациите кои се вклучени во развојот на системот.

Според Зеленски, системот „Расвет“ нема да биде ефикасен како „Starlink“, но Русија би можела да започне да го користи за пренос на видео материјали до командните пунктови, како подобра алтернатива на безжичните врски.

Тој истакна дека сателитската мрежа би можела да се користи за копнени, поморски и ударни беспилотни летала со среден дострел.

Зеленски побара дозвола за напади до 200 километри во Русија

Зеленски од Трамп побара и на Оружените сили на Украина да им биде дозволено да лансираат беспилотни летала опремени со системот „Starlink“ на растојание до 200 километри во внатрешноста на руската територија, со цел уништување на локациите од кои се лансираат дронови.

Претходно, шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, изјави дека Украина нема доволна покриеност со „Starlink“ и дека ѝ се потребни проширени можности.

„Овие можности ни се крајно потребни за да се браниме и да ги погодуваме руските ракетни системи од кои се лансираат ракети што го тероризираат цивилното население на Украина“, изјави Буданов.

Би можело да ве интересира

Девојче падна од трет кат во Берлин: Маж стоел под прозорецот и ја фати во последен момент

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ