Трамп: Документите доказ дека бев во право за Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека претставувањето документи за кои израелските власти тврдат дека докажуваат дека Иран имал нуклеарни амбиции, покажуваат дека бил „100 отсто во право“ кога станува збор за Иран.

Трамп го пофали претставуавњето на документите од страна на израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху.

Трамп нагласи дека однесувањето на Иран е „едноставно неприфатлива ситуација“. Укажа на ракетните тестови и нагласи дека „Иран не седи со скрстени раце“.

Нетанјаху синоќа изјави дека имаат „половина тон“ тајни ирански документи што покажуваат дека Техеран имал програма за нуклеарно оружје. Тоа го нарече „големо разузнавачко достигнување“ и тврди дека тие документи покажуваат дека Иран лажел во врска со своите нуклеарни амбиции пред да биде потпишан во 2015 година нуклеарниот договор со светски сили.

Иран негира дека имал амбиции за снабдување со нуклеарно оружје.

Нетанјаху во телевизиско обраќање наведе дека Израел неодамна открил 55.000 документи и 183 ЦД-а со информации од иранските „нуклеарни архиви“

Би можело да ве интересира

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Бени Ганц, член на воениот кабинет на Нетанјаху, најави оставка

A1on

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Во Израел се одржаа демонстрации за ослободување на заложниците, уапсени 33 лица во Тел Авив

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер